Виља ја напушти болницата
Напаѓачот на Барселона и на шпанската селекција, Давид Виља ја напушти клиниката каде што беше опериран по скршеницата која ја доби за време на полуфиналето од Светското клубско првенство.
30-годишниот стрелец легна под нож во понеделникот а доби дозвола да го прослави Божиќ заедно со своите најблиски по што ќе започне процесот на рехабилитирање.
Во тимот на Барселона, покрај Давид Виља, листата на повредени ја дополнуваат Андрес Иниеста и Ибрахим Афелај
.
Во тимот на Барселона, покрај Давид Виља, листата на повредени ја дополнуваат Андрес Иниеста и Ибрахим Афелај
.